Под влијание на циклонот Невен во текот на оваа ноќ во најголем дел од државава ќе има врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, има услови снежната граница да се спушти и на околу или нешто под 1000 м.н.в, информира метеорологот Славчо Попоски.
На повисоките места и на планините ќе дојде до формирање на снежна покривка, потоа утре (недела) во текот на денот ќе има краткотрајна стабилизација на времето.
Веќе во текот на ноќта недела кон понеделник како и во понеделник ќе имаме нови врнежи кој ќе бидат од дожд и од снег и на некои од пониските места, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка а сето ова ќе бида проследено и со засилен северен ветер.
Потоа во вторник ќе има и понатаму услови за сосема слабо и локално провејување на снег, температурите на воздухот значително ќе опаднат и од вторник минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.
Да напоменеме дека следните денови на повисоките места и на планините ќе се формира снежна покривка која ќе изнесува од 10 до 20 цм, на планинските места и над 20 цм, локално и над 30 цм, таму пак каде што ќе има врнежи од дожд се очекува воден талог локално и над 20 л/м2.
Исто така во некои од котлините има услови и за појава на замрзнат дожд.