Тргнав од Брисел кон Скопје – она што го видов на граничниот премин ме остави без текст

0

Предновогодишниот период секоја година ни носи многу гастрабајтери ширум Европа што си доаѓаат дома во својата Македонија на традиционални средби со своите најблиски. Една интересна случка ни раскажа наш читател кој реши да ја сподели со пошироката јавност кој патувајќи од Белгија кој Македонија доживеал вистинско изненадување.

Традиционално, за празниците решив да си дојдам во Македонија. Патот од Белгија до Македонија помина нормално, во очекуваното. Но пријатно или непријатно изненадување ме дочека на нашиот граничен премин. Имено додека чекавме во прилично долгата колона забележав познат лик како пуши цигара.

Му пријдов поблиску и кого да видам, мојот матичен доктор. Се поздравивме, па започнавме неврзан муабет со кој ја тепавме досадата и чекањето. Ми вели дека заминал и тој како мене на печалба, се преселил фамилијарно во Германија. Откри дека овде во Македонија повеќе не можел да издржи, не од финансиски план, туку од целокупниот систем. Си напраивме муабет што си напраивме, па си влеговме секој во својата кола бидејќи беше студено.

По некои 20-30 минути повторно излегов на цигара бидејќи навистина ми беше досадно, а и ме совладуваше уморот за спиење, па на свеж воздух сакав малку.

Кога што да видам, повторно познат лик, класниот на мојот син кој предаваше математика во средно образование. Се изненадивме и двајцата, се расприкажавме и повторно изненадување за мене. И тој заминал во дијаспора, исто така во Германија како мојот матичен доктор. Вели дека истото го работи и во Германија, на струката, но за плата не сакаше ни да збори и да спореди со она што го зимал овде.

После двете средби, така замислиен во мене си велам. Што дочека Македонија, луѓето кои беа и тоа како добро платени кај нас, со добра општа состојба да се селат на прилично стари години.

Претходна статијаФОТО: Оваа лузна вечно ќе го потсетува на кобниот ден – Дарко Лазиќ и ги загрижи фановите
Следна статијаВИДЕО Пилотот дознал дека неговиот наставник е во авионот, па направил нешто што ќе ве остави без текст