Сузана Турунџиева: Моите ќерки се причина да останам жива

0

Ќерките се најголемата гордост на водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија со помалата, Матеа, која наскоро ќе наполни девет години.

„Моите ќерки се причина да останам жива“, вели Турунџиева.

Таа наскоро ќе стане баба. Постарата ќерка Лора и сопругот го очекуваат првото дете. Лора набрзо откако матурираше, направи свадба со Филип Наунов, а Сузана неодамна објави дека ќерката и зетот го очекуваат своето прво дете.

„ Животот никогаш не ми даде трошка време да се припремам ни за тагата, ни за радоста. Нека биде радост! Доста беше тага. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне“, се желбите кои Турунџиева им ги посака на Лора и на Филип.

„ На сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг.

Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, изјави Александар Маленко, таткото на Лора, за Женски магазин по свадбата. Турунџиева неодамна рече дека по избор на ќерката, тој не бил поканет на свадбата.

Пред четири ипол години, почина сопругот на Турунџиева, Марјан, таткото на Матеа. Тој беше сопственик на познат скопски ресторан. „ Мислев деκа сеκогаш можам да најдам соодветен збоρ, сега не можам.

Немам, немам збор да ја опишам мојата болка и загуба. Не напушти нашиот сакан Марјан“, објави тогаш Турунџиева.

На својот Инстаграм профил, таа секогаш објавува мудри мисли кои ги има објавено во своите книги: „Твојата несреќа на 50 години зависи од твоката негриќа на 30 години“, се дел од нив.

Извор: Женски магазин

Претходна статијаКарлеуша откри детали за дружбата со Тоше Проески – со тага ги раскажа спомените
Следна статијаДвојно поскапува паркингот во Скопје – еден час ќе чини и до 200 денари