Директорот на болница во Лесковац, Небојша Димитријевиќ во изјава за 1ТВ вели дека примените 28 пациенти не се во животна опасност, а четворицата тешко повредени се префрлени во нишкиот ургентен центар.
-Некои пациенти имаа полесни повреди и веднаш ги сместивме во нашето одделение. Изгледаа доста лошо. Им дадовме да се преслечат и појадок, на топло, да се одморат малку и да добијат терапија. Тројца пациенти пративме во Ниш на неврохирург, од кои еден се врати овде. Тие што беа во подобра состојба пред три часа се сместени во хотелот „Апостоловиќ“.
Министерот за здравство Златибор Лончар и градоначалникот на Лесковац договорија сите повредени да бидат сместени во хотел и да чекаат како ќе бидат префрлени во Македонија или до Виена, каде што тргнале, изјави Димитријевиќ.
Тој додаде дека за три пациенти дошле нивни роднини и веќе ги вратиле во Македонија, додека за останатите додека не се реши што понатаму ќе останат под нивна грижа.
„Во текот на денот пристигна претставник од амбасадата на Македонија во Србија. Се очекуваше и Министерот за здравство на Македонија но како што дознав тој заглавил негде во Бугарија поради снегот. Но се очекува да пристигне државниот секретар, па да видиме како и што понатаму“ изјави Димитријевиќ.