Скопјанка на „Фејсбук“ предупредува да не се даваат пари на питачите со бебе во рацете, бидејќи позади тоа стои многу пострашна приказна. Мерсиха посебно ја посочува и жената која редовно проси кај Бит-пазар.
Женава на слика постојано е на раскрсницата на Бит-пазар со дете во раце кое секогаш е успиено. На прашањето зошто секогаш детето спие и што му дава за да го успие, дури питачи 5 часа, станува агресивна и сака да нападне. Апел да не им давате пари на жените со бебиња, посебно кога бебето е очигледно успиено со којзнае какви средства. И прашање што да се превземе?
За референца прoчитајте ја статијата Зошто децата на питачите спијат?
Пред неа ни јас не бев свесна за ваквите случаеви, пишува Мерсиха.
Таа додава и дека за случајот пријавила во полиција, но оттаму и кажале дека оваа работа не е во нивна надлежност.