Јулија Аграновиќ скролала низ социјалната мрежа Инстаграм и налетала на една сосема обична фотографија од пејсаж на Санкт Петербург фотографиран од прозорец. Иако оваа фотографија не изгледа ниту пак звучи сомнително, Јулија останала запрепастена, затоа што според положбата, фотографијата била направила од прозорецот во нејзината спална соба.
Најчесто аферите се откриваат преку следење на партнерот, проверување на неговите профили на социјалните мрежи или пак забележување на одредени очигледни знаци. Но, една жена од Русија го фатила својот сопруг на дело, сосема случајно, само преку една фотографија на Инстаграм.
Таа го отворила профилот на жената која ја објавила фотографијата и забележала дека таа има многу провокативни фотографии, од кои една била направена во тоалетот на Јулија, каде што непознатата жена не носела многу облека.
Откако продолжила да го истражува нејзиниот профил Јулија сфатила дека оваа непозната жена, Влада Абрамовиќ, која никогаш претходно не ја видела, напишала дека живее во станот заедно со нејзиниот сопруг. На фотографијата со пејсажот Влада напишала: „Прекрасен поглед од спалната соба на мојот сопруг.“
„Не барав ништо, тоа беше нормално утро. Како секоја друга личност во 21-от век. Го започнав моето утро скролајќи на времепловот на Инстаграм и одеднаш ја видов оваа фотографија.
Излезе дека јас и оваа жена имаме голем број на заеднички следбеници. кога го посетив нејзиниот профил открив многу ‘интересни’ фотографии, а на некои од нив беше и мојот сопруг“, изјавила Јулија за Рускиот канал Рен ТВ. Кога се соочила со сопругот тој негирал и дури измислил приказна дека тоа е девојката на еден негов пријател и дека додека таа била надвор од градот тој направил забава со пријателите.
Секако Јулија не му поверувала и на крајот тој признал дека имал неколку афери, но тврдел дека бил „ментално верен“ и на сите жени им кажал дека е оженет. За жал Јулија подоцна открила дека и тоа не е вистина, кога успеала да контактира неколку од девојките.
Влада го избришала нејзиниот Инстаграм профил, но објавила статус на друга социјална мрежа во кој стоело: „Таа е негова жена, не моја, што е проблемот? Дали тој е растение без слобода на волја? Не ме засмејувајте. Зарем живеете во 18 век. Ако сакам да имам секс, ќе имам секс.“
Јулија вели дека е среќна што успеала на време на види каков е нејзиниот сопруг и веќе ја започнала постапката за развод, а не им се лути на девојките кои што спиеле со него. Таа изјавила: „Ти благодарам Влада Абрамовиќ, ти си искусна жена која ме научи една добра лекција.“