Села: Тој што ја отвори вратата ќе се амнестира, тој што ме спаси нема

0

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, истакна дека тој што ги отворил вратите за да влезат протестантите ќе биде амнистиран, а тој што го спасил него самиот нема бидејќи е директен учесник во настаните, дека тоа не е фер и правда мора да има.

-Граѓаните веруваа дека ќе има реформи во правниот систем, на последните избори“, изјави во емисијата Топ тема, лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села.

„Амнестии во државата не дека немало, ама мислам дека е многу грешно, и со амнестија даваме многу лоша порака. Тоа би му дало право на секој граѓанин на секоја одлука,да влегува тука во Собранието, и да ни се случуваат повторно тие настани од 27 април. Јас не го прифаќам тоа.“, рече Села.

Ќе инсистираме да се амнестираат сите монтирани политички процеси во последните 10 години. Да има амнестија за настаните во Куманово и се друго што мислиме дека е политички монтиран процес.

Ова за телевизијата 21 го изјави претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин изјави Зијадин Села.

Села потенцира дека амнестијата не може да го опфати само крвавиот четврток, доколку не се случи амнестија ќе го бојкотираат системот и ќе изградат паралелен систем преку нови избори.

Претходна статијаПред бракот со Харис имала 80 килограми – Мелина не била отсекогаш витка и слаба
Следна статијаПо расправијата со Цеца заврши во болница – Најнови детали за здравствената состојба на фолк дивата Драгана Миркович