Преубавата Неџла за првпат го покажа трудничкото стомаче ФОТО

0

Познатата турска актерска двојка, Бурак Озчивит и Фахрие Евџан, следната година ќе станат родители за првпат.

Иако пред неколку месеци не сакаа да откриваат детали околу шпекулациите дека чекаат бебе, по некое време решија да потврдат.

Бремената актерка која ја познаваме по улогата на Неџла во серијата „Кога лисијата паѓаат“, е активна трудница, а тоа го покажува преку објавите на социјалните мрежи.

-Секако дека постојат некои работи кои пречат во бременсота, но не до таа мера како што се пишува. Тие вести не се точни.

За тоа дали зема совети од пријателките и дали чита книги за бременост фахрие го вели следното:

-Се уште не земам совети од други, ниту пак читам книги. Мислам дека мајката треба да почувствува што и е потребно. Поради тоа не истражувам премногу. Докторот е тука за да ме упати во се. Бременоста ми тече сосема нормално, открива убавата актерка.

Двојката вели дека бебето ќе се роди во Турција, а се уште не го знаат полот бидејќи е рано.

Во едно интевју неодамна, Фахрие кажа дека е сосема нормална трудница која нема многу барања, барем засега.

Инаку, актерите се венчаа во месец јули 2017 година.

Претходна статијаНе знае колку милијарди има, но иако има 100 години – секој ден оди на работа
Следна статијаБебињата на питачите секогаш спијат, вистината ќе ве разжалости