Шестгодишниот Радован Кривокапиќ од Никшиќ сонува за подароца кои Дедо Мраз ќе му ги донесе за Нова Година, но на 26. декември му е исто така роденден.
-За роденден најмногу би сакал да добијам торта со Ноди или Штрумфови. А, може и Нинџа желки. И некоја играчка. А за Нова Година би сакала телевизор. Сакам да гледам цртани, но не можам, се расипа телевизорот – вели Радован и додава дека најмногу го сака својот татко и сака кога ќе порасне да стане доктор.
И неговиот татко Ненад Кривокапиќ се надева дека Радован ќе биде лекар, ќе има подобра судбина, дека нема да мора да зависи од помошта на луѓето.
-Мајката на Радован го остави летово и јас морав да ја напуштам работата која ја имав во Тиват за да го чувам, бидејќи не можев да го оставам сам. Сега работам за дневница и додека не почне училиштето е полесно затоа што тој доаѓа со мене.
Сега е поголем проблемот. Кога е убав денот останува кај соседот, не доаѓа со мене – вели Ненад кој со синот живее во изнајмена куќа која ја плаќа 40 евра месечно.
И додека Радован седи на бетон и си игра со единствената играчка која ја има, неговиот татко објаснува дека се наоѓаат како знаат и умеат и дека не им треба ни храна, ни облека, ни работа, иако кога ќе види како другите живеат сфаќа дека на нив двајца многу им недостига.