Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото каде вечерва се случи сообраќајна несреќа во која едно лице настрада.
Според првичните информации, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – Охрид. Како последица на настанатите повреди лицето го загкубило животот.
Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место и за утврдување на евентуално присуство на алкохол во крвта на возачот на автобусот. Основното јавно обвинителство Гостивар презема дејствија за целосно расчистување на настанот.
Педесет и двегодишен маж настрада во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово во близина на гостиварската патарина.
Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила околу 19 часот кога автобус со гостиварски регистерски ознаки удрил во пешак кој се нашол на коловозот. На местото на настанот дошла екипа на брзата помош, а лекар констатирал смрст на лицетот за кое се претпоставува дека е од гостиварското село Форино.
Во тек е увид што го води јавен обинител и екипа на гостиварската полиција.