МВР има сознанија за Пинето Секондо, не е сѐ како што се зборува меѓу луѓето

0

Началникот на познатиот „сектор 1“ на СВР Скопје, Саше Димевски, во врска со исчезнувањето на 26-годишниот Пинето Секондо, во вечерашното гостување во 1ТВ кажа дека МВР спроведува многу темелна истрага и дека по младиот Секондо се трага со сите мерки.

-Од ОЈО ги имаме добиено сите можности да ги пребаруваме градот, телекомуникациските врски, а имаме допринос и од социјалните мрежи. За нашите сознанија до сега, во интерес на истрагата, не би навлегувал во детали, но говорат дека не е тоа што се зборува во кулоарите, изјави Димевски.

Тој откри дека денеска едно лице од Скопје ја контактирало мајката на Пинето и изјавило дека Пинето бил забележан во населба Драчево, што наведува дека исчезнатиот е на територија на Скопје, но секако МВР и понатаму продолжува со истрагата.

Претходна статијаСнежана Ѓуришиќ прват искрено за својата нова љубов: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува
Следна статијаНоси среќа и мир: Легендата за Божикната ѕвезда – имајте ја во домот