Живко Мукаетов, претседателот на РФМ, тешко го поднел поразот од Грција. За него, резултатот од мечот во Кожани е голем срам. Ова денес првиот човек на македонскиот ракомет го соопшти на седницата на Управниот одбор.
“ По пораз од Тунис на квалификциите за ОИ, оној во Кожани од Грција за мене беше најтежок. Ми беше срам. Тоа беше дното. Сите кои беа во Кожани се виновни, не ги делам ракометарите на млади и стари, но факт е дека има еден лош однос и злоупотреба на монополот кои го држат поединци на одредени позиции.
Ме загрижи односот кој го видов од некои играчи, покажаа непочитување кон државата, граѓаните и федерацијата. Дел од репрезентативците ќе мора да го сменат односот на кој се однесуваат во репрезентацијата. Тој однос е за секаква осуда, посебно кон националниот дрес“, коментираше Мукаетов.
Инаку, македонската репрезентација подготовките за Светското првенство ќе ги започне на 19 декември.
Тој најави дека до крајот на годинава ќе се водат сериозни разговори со сите репрезентативци, се со цел проблемите да бидат надминати, а Македонија на СП во јануари 2019 да заигра на највисоко ниво.
„Се сложувам со тоа што многумина од вас го потенцираа, дека за првпат откако сум претседател видов недисциплина, очигледно незалагање, слободно можам да кажам и злоупотреба на монополот што некои ракометари сметаат дека го имаат на својата позиција. Проблемите ни се јасни, но ние сме подготвени да сториме се за да ги решиме.