Мицкоски како Рацин: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денес рецитираше во Велес

0

Добар ден, добар ден добри луѓе, добра ден горда достоинствена и пркосна Македонија.

Добар ден од градот јунак, добар ден од Велес и ви благодарам што денес, недела одвоивте од вашето време да ни се придружите овде, да бидете дел од нас за да изразиме нашиот револт и негодување кон сите овие ненардони и криминални политики предводени од оваа криминогена владата на СДСМ.

Добредојдовте од градот на Рацин, Жинзифов, на Брашнаров, на Поп Јорданов.Добар ден од градот на Гемиџиите и добродојдевте овдека уште еднаш со нас.

Вака го отовори својот говоро денес Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а го заврши со следните зборови:

Сосема за крај. Би сакал неколку стихови од големиот Рацин кој што од денешна перспектива во многу нешта ја опишуваат моменталната ситуација во Република Македонија. Па големиот Рацин ќе напише:

Се к’ти ноќта црна!

Се рути карпа — мрак!

И петли в село пеат

и зората се зори —

над карпа в крв се мие

и темнината пие

силно светнал ден!

Е така ќе светне денот кога зората ќе го победи теминлото. Кога зората ќе ги победи црнилата. До тогаш нашите емоции ќе одат нагоре до тогаш нашиот мотив ќе расте и нашата бројка ќе биде се поголема

Да сте ми живи и здрави.

Да е жива и здрава Република Македонија

Да е живо и здраво ВМРО-ДПМНЕ

Ви благодарам велешани и сите оние кои ни се придруживте.

Претходна статијаГрадоначалник за пример: Митко Јанчев донираше прочистувачи за воздух во училиштата во Кавадарци
Следна статијаСнегот направи проблеми и за Министерот Филипче: На пат кон Лесковац заглавил во Бугарија