Министерката Царовска раскажа лична приказна: И јас сум психопат

0

Интересна лична приказна, раскажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на „Конференција за 200 Жени Претприемачки„ која е во тек во „Аликас ивент центар“. Царовска го отвори настанот и одржа говор кој ги мотивираше жените.

@Сношти бев на слава кај едни мои блиски луѓе. Седејќи во друштво, едно помладо момче ми рече: „Да ти кажам една приказна од твојот ресор. Едни мои пријатели се разведуваат. Знаеш ли зошто? Жената е психопат. Пет месеци откако го родила детето се вратила на работа од породилно“, раскажа Царовска.

„Тогаш, му реков на пријателот, и јас сум психопат. Јас се вратив на работното место кога моето бебе имаше шест месеци. Го носев на работа со мене, спиеше кај мене во канцеларија“, продолжи министерката. Таа нагласи дека е многу важна меѓусебната женска солидарност.

„Ние имаме дури и повеќе обврски од мажите. Кај жените постојат бариери во работата, како да не се дел од масата. Но, во поново време, женските тимови успеваат. И многу ми е драго што овваа конференција се одржува токму за време на кампањата „Слушни ја – 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња.“, рече Царовска. Целата сторија може да ја проследите на: Женски Магазин.мк

Претходна статијаНе е се така добро за Дарко Лазиќ: На пејачот во бањата драстично му се променила состојбата
Следна статијаНа само неколку километри од Скопје: Двајца браќа живеат без огрев и пари, со исклучена струја