Метеоролозите излегоа со вонредна најава: Доаѓа голем студ

0

Во текот на претстојната ноќ температурите уште повеќе ќе опаѓаат и тоа поради претежно ведрото време, до утре изутрина температурите ќе се спуштат во интервалот од -7 до 1 степен додека на планинските места истите ќе се спуштат до околу па и под -10 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поради ваквата ситуација на граѓаните кој планираат да излегуваат со себе задолжително да си понесат топла облека, односно шал и капа со што добро да се заштитат од студеното време и од ниските температури на воздухот кој се очекуваат во текот на оваа ноќ и утре изутрина.

Исто така вечерва очекувајте детална анализа околу влажните бранови кој ни претстојуваат овој викенд и на почетокот од следната недела.

Под влијание на влажен бран во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

В недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и во понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег.

Претходна статијаУбава и богата Германка по потекло од Хрватска бара маж за врска
Следна статијаАјдеееее Божее претеравте – Марјана Станојковска со остра реакција