Македонците обожаваат да се кладат: Потрошиле дури 200 милиони евра

0

Според официјални податоци од Министерството за финансии, во Македонија осум фирми имаат лиценци за приредување игри на среќа и обложување. Сепак тие отвориле по повеќе уплатни места, по повеќе во секоја општина, па така реално има многу повеќе обложувалници.

Од УЈП велат декао текот на изминатата година  биле вкупно уплатени околу 200 милиони евра, а кај граѓаните по основ на добивка завршиле 156 милиони евра, а 38 милиони евра инкасирала УЈП.

Албанската влада до крајот на годинава ќе ги затвори сите казина и спортски обложувалници во градовите или пак сопствениците ќе бидат приморани да ги дислоцираат надвор од населените места.

Минатата година албанските граѓани потрошиле 130 милиони евра, а македонците 200 милиони евра, односно 70 милиони евра повеќе од нашиот западен сосед.

Анкетираните граѓани од страна на „1ТВ“ денеска дадоа поделени мислења.

„Никогаш не играм и не го одобрувам. Секоја коцка е опасна за секој, посебно за млад човек“. – граѓанин.

„Кладењето е за полнолетни луѓе тие треба сами да одлучат за себе и секој сам си ги сноси последиците“.– граѓанин.

Зошто најсиромашните граѓани ги трошат парите на неегзистенцијални трошоци одговор побараве од Македонската платформа против сиромаштијата.

„Посетата на обложувалниците и казината односно прибегнување кон вакво однесување најчесто значи купување на надеж од безизлезната ситуација во кои тие се наоѓаат. Нивната немоќ да се справат со состојбата во која се наоѓаат најчесто се судрува со нашето рационално осудување и наидува на осуда за нивните постапки“, изјави Билјана Дуковска, Македонска платформа против сиромаштија.

Претходна статијаАуди претстави електричен седан
Следна статијаБрат Љубе проговори искрено за својата сопруга Виолета