Ја паметите малечката Зоне Замфирова – Денес е вистинска убавица, се омажи за познат режисер

0

Поминаа 15 години откако на регионалната јавност и се претстави како малата Зоне во првиот дел од филмот „Зона Замфирова“.

Убавата Јана Милосављевиќ денес е прекрасна девојка и повторно е во центарот на внимание поради контроверзна улога во српскиот филм „Афтерпарти“, каде глуми гардероберка во ноќен клуб, очајно вљубена во другар.

Јана Милосављевиќ на своите 12 години се прослави со својата улога Зоне Замфирова.

Таа има син Јоаким, а она што сигурно не го знаете за неа е дека нејзиниот маж е 23 години постар од неа и е режисер. Станува збор за Филип Гајиќ кој зад себе има два брака.

Филип бил во брак со ќерката на Раде Шербеција, Луција Шербеџија, со која има две деца.

Тоа што малкумина го знаат за убавата Јана е дека таа е ќерка на славниот музичар Неша Галија, кој последниве 15 годни вредно работела на нејзината актерска кариера.

Завршила академија на уметности во Нови Сад, во текот на годините снимила уште неколку проекти со Здравко Шотра, а на почетокот на оваа година го остварила својот голем сон и во соработка со режисерот Филипп Гајиќ отворила мал алтернативен театар „Космодром“.

Иако во филмот „Афтерпарти“ учествува во доста експлицитни и разголени сцени во кои има секс со девојка, во интервјуата кои ги давала за српските медиуми Јана истакнува дека приватно не излегува во ноќни клубови и дека повеќе и годат интимни дружења.

Кога ќе се спојат убавината и талентот, успехот не може да изостане, па така сосема е извесно дека во иднина убавата Јана ја очекуваат уште доста интересни проекти.

Претходна статијаНеочекувани проблеми утре ќе имаат овие четири хороскопски знаци
Следна статијаОбјавен е списокот со дванаесетмината кои добија амнестија за упадот во Собрание