Исповед на Македонци за минималната плата: Со 200 евра не може да платиме кирија, а не па да живееме

0

Во Македонија минимална плата е 12.000 денари. Па тука се поставува прашањето како Македонецот успева со оваа плата да го помине месецот?

-За сметки мора да има, она што ќе остани е за храна. Одвај сврзуваме крај со крај, вели Нада од Драчево.

-Иако имаме висока пензија и таа не ни стига бидејќи децата ни се невработени па им даваме од пензиите, вели Живко од Маџари.

-И јас и сопругот земаме плата од 12.000 денари. Тешко е многу. Среќа па имаме бавча па нешто си произведуваме сами, а ако ни се роди повеќе и продаваме. Така некако го истуркаме месецот. Не знам што ќе правиме од септември кога ќерката ќе тргне на факултет, вели Вера од Ѓорче.

-Ова е математиката на нашето семејство. Со сопругата земаме по 12.000 денари плата. Тоа е 24.000 на нашето семејство. Од нив секој месец по 7.000 денари имаме за сметки, околу 10.000 за храна и хемиски средства. Имаме студент кој патува секој ден од Куманово до Скопје, а месечната карта е 3.000 денари.

Што со другите? Каде се другите потреби? Што ако ни се поквари фрижидерот? Што ако се разболиме? Што ако имаме свадба кај некој близок роднина или пријател?

Повеќе од половина од младите во Македонија се невработени, а голем дел од нив сонуваат да ја напуштат земјава. Со 200 евра не може да платиме кирија, а не па да живееме, велат дел од нив.

Македонија се бори да ги задржи младите во земјата и да создаде подобри услови и перспектива, но нема стратегија за враќање на веќе иселените. Најголем проблем за младите и натаму претставува невработеноста.

Ретки се тие што се иселиле од Македонија, но по одредено време решиле да се вратат во родната земја.

Претходна статијаМартин Мила: Живеевме од социјално, децата ми се смееја дека од дождот се криев со кеса за ѓубре
Следна статија„Изгубив 120.000 евра поради Саша Поповиќ“ – Гога проговори за неправдата која ја претпрела