Во петокот во Србија се судрија автобус и воз, при што автобусот буквално се подели на половина, имаше настрадани меѓу кои и деца. Ова е втора несреќа за 7 дена откако претходно македонски автобус излета во Србија, при што настрадаа маж и две жени. Вчера згасна животот на уште една Македонка која се бореше за живот по несреќата.
Задачата на Брзата помош која се наоѓа на периферијата на градот е да стигне до местото на несреќата за најбрзо време, така и овој пат се случило кога во Брзата помош добиле повик дека имало страшна сообраќајна несреќа во Ниш.
За три минути пристигнала екипата до местото на несреќата
– Се молев на Бога автобусот да е празен бидејќи кога добивате таков повик можете само да погодувате што ве чека.
– Тргнавме и размислувавме на што ќе наидеме, но за жал авобусот беше полн со деца и луѓе. Беше страшно, ние го немаме тој луксуз да ни проработат емоциите, веднаш почнавме да ја работиме својата работа до моментот додека не ја завршиме. Додека ја завршував основната тријажа , пристигна следната екипа, најзагрозените пациенти ги ставивме во носилки, потполно беа подготвени и тргнаа до Kлиничкиот центар.
Пристигнаа повторно нови екипи, а кога се вративме беше се исчистено. Можам да кажам дека не само што сум горда на своите колеги туку и на соработниците кои работат во Брзата помош. Возачите, сестрите, диспеџерите, сите апсолутно одговорија во тој момент, зборува доктор Светлана.
Пожарникарот Иван Славковиќ во 7 часот и 30 минути добил повик за несреќата:
– Тргнав да ги вадам телата под возот, имаше две жени и маж, едната жена даваше знаци на живот, а другите двајца не. Не знам како жената под возот воопшто беше жива.
Ги отвори очите и ме гледаше, а тоа нема никогаш да ми излезе од помнењето. Јас и реков, држете се издржете, ве извлекуваме, вели пжарникарот за српскиот Курир.
Пожарникарот вели имало заглавени патници. Вели иако виделе се во животот и кариерата не можеле да ги сокријат емоциите зошто имало и деца.