Докторка од Лесковац раскажа за драмата со автобусот: Четворица беа заглавени

0

Српскиот портал Курир.рс пренесува изјави од лекарите кои први стасале на местото на несреќата кај Лесковац, во која се преврте македонски автобус.

Мирсад Малагиќ, од Итна помош, изјави дека информација за несреќата добиле во 1.40 часот.

-Со оглед дека сме добивме информации за голем број на повредени, а по контакт со колеги од Лесковац, ние веднаш на местото на несреќата испративме два тима.

Откако ни беше јавено дека треба е потребна дополнителна помош, испративме уште три екипи – објаснува Малагиќ.

Докторот Јелена Миленковиќ и нејзиниот тим први пристигнале на местото на трагедијата.

-Ситуацијата беше навистина драматична, автобусот беше превртен настрана. Јас со пожарникарите се качив на автобус. Во возилото имаше четири заглавени патници, а три беа без знаци за живот ….

Пожарникарите ги ослободуваат повредените патници кои беа заглавени во автобусот. Најтешко повредените се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш – рече е Миленковиќ.

Претходна статијаЛеден циклон во Македонија: Интензивни врнежи од снег на овие места низ земјава
Следна статијаДрагана Мирковиќ откри колку е богата: Јас искрено не морам веќе да пеам