Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави на својот Фејсбук профил фотографија на која позира со својата елитна единица, а посебно внимание привлече фотографија на која е со легендарниот американски актер Чак Норис.
Освен фотографијата со познатиот актер, унгарскиот премиер објави видео снимка како се гушкаат, а потоа и Орбан го возеше актерот. Во описот на видеото Орбан напиша „Ренџери“.
Унгарските медиуми се пошегуваа со овие објави на Орбан и се прашуваат кој тука се сликал со кого, дали Виктор Орбан со Чак Норис или Чак Норис со Виктор Орбан.
Kopók // Rangers
Публикувахте от Orbán Viktor в Вторник, 27 ноември 2018 г.