Беше верена кога го запозна – убавата Шехерезад го остави него поради актерот

0

Бергурзал Корел или убавата актерка која ја запознавме како Шехерезад во „1001 ноќ”, заедно со нејзиниот сопруг Халит Ергинч, имаше долгогодишна врска и беше верена кога го запозна актерот на сетот.

Актерката која сега ја гледаме во серијата на Сител, го остави вереникот за да биде со него, а сега по долги години сеуште се среќни заедно, имаат машко дете и важат за една од омилените двојки.

Двојката е заедно веќе 10 години, откако се запознаа на снимањето на “1001 ноќ”. Нивната врска имаше падови и подеми, а сепак сега изгледаат како заљубени тинејџери.

Турскиот актер Халит Ергенч, ѕвездата на „Величенствениот“, раскажува за своето растење и тешките животни моменти.

Ергенч, кој го глуми најголемиот турски владетел во историјата, и натаму е најпопуларен актер во својата земја. Наспроти популарноста и богатството кое го стекна со улогата во серијата „Величенствениот век“, 43-годишниот Халот останал цврсто на земја. Турските новинари го фалат дека со сите обожаватели разговара и се фотографира.

Ергенч имал тешко детство, кое го обележала неговата помлада сестра Азад, која е родена со ментални потешкотии и родителите биле насочени на грижата околу неа.

– Моите родители се разведоа кога бев во основно училиште, а и пред разводот нивната ситуација беше напната. Додека мајка ми мислеше дека се возев со велосипед наоколу, јас бегав од дома кај мојата друга сестра Флори, вели актерот.

Тој се запишал на студии за бродоградба, но веќе набрзо сфатил дека уметноста е неговиот животен повик, па одлучил да проба во актерството и музиката. Некое време живеел во САД, каде ги гледал сите познати мјузикли бидејќи бил уверен дека и неговата кариера ќе тргне по тој пат.

– Додека бев во САД ја чекав улогата во мјузиклот „Бедници“ и два дена спиев на отворено додека не ми кажаа „Сфати веќе еднаш, ние не те сакаме“. Тогаш сфатив дека оваа работа зависи само од тоа колку добро ќе ја одработиш, раскажува Халит. Во тие моменти помислил да се откаже од актерството и да се посвети на кулинарството, но добил понуда да игра во детски театар.

– Бев „шворц“ и ми требаа пари, но ми беше трагично да играм во детски театар. Додека ја работевме претставата „Кралот на лавовите“, често бев пијан на сцена. Мојата ситуација беше очајна, вели тој. А тогаш пристигнала понуда од Турција.

– Требаше да ја работиме турската адаптација на „West Side Story“. Кога дојдов во Истанбул, ми јавија дека проектот е откажан, и оти имаат подготвено моја повратна карта за САД, но им порачав да си ја задржат картата за себе. Погледнав во Босфорот и го почувствував благодетот на Истанбул и повеќе не ми падна на памет да го напуштам, додава Ергенч.

Претходна статијаВодителката која ја гледаме на Сител со години беше мажена со познатиот актер – малкумина знаат за тоа
Следна статијаВо сабота имаат настап во Скопје, а многу скоро Милица изјави дека Аца Лукас ја “пали”