Балкан: Скопјанецот синоќа во Ѓорче настрадал за 300 евра

0

Кавгата настанала поради нерасчистени должничко-доверителски односи, односно, настраданиот должел пари дознава Балкан. Неофицијално, се работело за само околу триста евра. Нашите извори кажуваат дека мајката на настраданиот е поранешен финансов директор во едно Јавно претпријатие задолжено за расчистување на патиштата.

38 годишниот скопјанец Ненад Добраниќ е пронајден мртов покрај автомобил. Од МВР велат дека е упукан со огнено оружје.

Убиството се случило на улицата „Шарпланинска“ во скопската населба Даме Груев. Случајот во полиција бил пријавен во 21:40 минути. Од обвинителството информираат дека имаат осомничен за убиството на 38 годишниот скопјанец.

„Едно лице е приведено во полициска станица, но се уште се прават проверки за испитување на неговата директна поврзаност со кривично-правниот настан“, велат од скопското јавно обвинителство.

Според пријавата во полицијата, безживотното тело на Добраниќ се наоѓало покрај автомобил Пасат караван. Полицијата утврдила дека возилото е на неговата 65 годишна мајка и според првичните информации најверојатно управувал починатиот.

Екипа на МВР и Јавен обвинител излегле на местото а собраните докази се предадени за вештачење. Во крим лабораторијата на МВР се вештачи и автомобилот со кој се претпоставува дека се превезувал Добраниќ.

Фото: Илустрација

Претходна статијаПромени на секое ниво: 2019та ќе ги смени од корен овие хороскопски знаци
Следна статијаШвалерката на мажот си објавувала слики од мојата спална – Ги фатив живи на Инстаграм џабе негираа