Баба Ванѓа го изненади светот: 2019 кобна за Путин

0

Слепата пророчица, која го превиде Брегзит, нападот на Кулите близначки и создавањето на ИСИС, предвидела и неколку настани кои би требало да се одиграат во 2019 година.

Баба Ванѓа уште се нарекува Нострадамус на Балканот, поради своите предвидувања, кои изгледа одекнуваат со морничава правилност, пишува британски Мирор.

Таа предвидела и некои круцијални околности за наредните 12 месеци, вклучувајќи го економскиот колапс во Европа и обид за атенат на Владимир Путин.

Таа верувала дека заканите на Путин ќе дојдат од неговиот сопствен безбедносен тим, но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре.

Прорекла огромен цунами, сличен на оној од 2004 година, ќе ја погоди Азија, додека метеор ќе падне во Русија.

И не само тоа. Таа видела дека Доналд Трамп ќе заболи од мистериозна болест, од која ќе оглуви. Ќе страда и од мозочни пореметувања.

Вангелија Пандева Димитрова попозната како Баба Ванѓа (31 јануари 1911, Струмица – 11 август 1996, Софија) била позната наводна јасновитка од Бугарија, родум од Македонија. По нејзиниот брак, таа го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Инаку, многу ја сметале и за лажна. Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.

Таа ја знаела точната дата на својата смрт и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

Исцелителски способности

Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт. „После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање? Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.

Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца.

Претскажувачки способности

Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна.[2] Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта..

Таа зборувала за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури велела и дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.

Претходна статијаГробот на ова девојче е зацементиран: причината ќе ве шокира а имало дури четири нозе
Следна статијаИмал свој ангел чувар: Заспал и со своето „BMW“ се забил во „кров“ на тунел ВИДЕО