Зетот на Тоше Проески проговори за годините поминати без него: „Еден ден е долг како една година“

Македонија и Балканот денес ќе пејат во чест на Тоше Проески кој со своите песни, харизма, но и со прераното заминување го обедини регионот.

Пред се, Тоше беше голем уметник и човек. Тагата која ја остави со неговото заминување не престанува ниту по 11 години.

Неговите пријатели, колеги, роднини со задоволство се сеќаваат на пајачот. Сопругот на сестрата на Тоше, Славен Ристески за српскиот портал „Новости“ проговори за пејачот и за годините без него.

На прашањето како поминале овие 11 години без Тоше, дали се намалила болката, Славан одговори:

„Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во семејството. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја лечи болката. Човек учи да живее со тага. Но, еден ден е долг како една година. На сите ни недостига Тоше“.

Тој вели дека сите се сеќаваат на убавите моменти со пејачот.

„Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Често се децата ги разгледувам старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас“ вели зетот на Тоше.

Тој вели дека собата на Тоше е непромената.

„Собата остана непроменета. Тука се неговите фотографии, неговата облека, играчки“, вели Стеван.

За потсетување, денес во „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт во чест на Тоше каде што ѕвездите од Македонија и регионот ќе ги пејат неговите хитови, но и ќе биде промовиран неговиот постхуман албум „Secret place“.

Поврзани вести