Заев се сомнева: Можеби Груевски бил киднапиран?

0

„Треба да се истражи дали Груевски доброволно ја напуштил земјата или пак, бил киднапиран“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија.

„Ќе направиме се, господинот Никола Груевски да служи казна овде во Македонија. И јавно го поставувам прашањето – знаејќи вака, како се случувале работите, дали тоа доброволно господинот Груевски ја напуштил Македонија, пред да биде издадена наредбата за негово приведување пред суд или па можеби бил киднапиран очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори“, рече Заев.

Извршената верификација на системот на граничните премини од страна на албанските власти потврдила дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Албанија ја напуштил на 11 ноември околу 19 часот, јави тиранската телевизија Ора њуз.

Груевски од Албанија излегол преку граничниот премин Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница. Тој, наводно, бил во дипломатско возило на унгарската амбасада и поседувал пасош на негово име, според информациите во албанските медиуми.

Повикувајќи се на сигурни извори, телевизијата Топ чанел, наведува дека од прегледот на ТИМС системот на премините, произлегло дека тој на албанска територија не влегол преку официјален премин, туку илегално преку зелениот појас.

Претходно унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата дека Груевски, една ноќ минал во оваа амбасада.

За тиранската телевизија Топ чанел, од амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процеси што се во тек“, поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.

Некои регионални медиуми пренесоа дека Груевски заминал за Будимпешта од аеродромот во Тирана, откако минал една ноќ во унгарската амбасада.

Поранешниот премиер Никола Груевски уште во септември, кога во Собранието држеше прес-конференција и обвинуваше дека е жртва на политички прогон, во периодот кога Апелацискиот суд на јавна седница расправаше за неговите жалби и се очекуваше да донесе конечна одлука дали ќе оди во затвор, си ги подигнал сите пари што ги имал на сметките, пишува Независен.

Иако информацијата за подигањето е неофицијална, од Специјалното јавно обвинителство официјално потврдија дека нема што да замрзнат бидејќи Груевски во моментов нема пари и имот на свое име, а неговите банкарски сметки се на нула

Претходна статијаКоја била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски?
Следна статијаАлександра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ донесоа важна одлука