Врнежи од снег ќе има цела вечер: Еве каде се очекува да натрупа најмногу

0

Снегот практично ја блокираше Македонија. Од вечерва, сообраќајот е во прекин на најголемиот дел од планинските превои низ Македонија

Од 16:30 часот забрана за движење на тешки моторни возила е воведна на планинскиот превој Плетвар.

Половина час подоцна, забрана за истата категорија е воведена и на планинскиот превој Стража, а за сите останати видови на возила, задолжителна е употребата на ланци.

Од 17 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и на патниот правец Дреново – Прилеп.

Истовремено, од АМСМ соопштија дека по сообраќајката кај Псача, од 17 часот сообраќајот почнал да се одвива но наизменично со соодветна сообраќајна сигнализација и присуство на полицијата.

Доколку не станува збор за итна потреба, препораките се вечерва да не патувате.

Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието главно од дожд или од дожд и снег. Врнежите се поинтензивни особено во јужните делови.

До 19 часот вечерва во Битола наврнале 33 литри дожд на метар квадратен, во Претор 28, 27 во Гевгелија, 17 во Демир Капија… На Попова Шапка и Маврово има 18 сантиметри снег, 16 во Маврово и Претор, 15 во Тополчани, 11 во Битола…

Утре се очекува престанок на врнежите и краткотрајно разведрување, а нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има во вторник, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

Претходна статијаТодор Петров: Почнуваме со блокада на улици – режимот од Муртино мора да падне
Следна статија(ФОТО) Мамо, јас успеав – светски познатата манекенка со Даунов синдром со својата прикаска