Пред една година, на 21. октомври 2017 година екс премиерот на Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ говореше едно, а денес направи соседма друго.
Ако сакаат да се пресметуваат со ВМРО-ДПМНЕ, ние сме тука. Мене нека ме уапсат, колку сакаат нека ми дадат години, доживотен затвор ако сакаат нека ми дадат, раководството нека го уапсат, нека не гонат луѓе кои во емоција влегле и грешиле, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во тогашното гостување на телевизија Алфа.
Во исто време ослободуваат убијци на пет деца, да ослободуваат тешки криминалци осудени на многу години затвор и да глумат дека во државата има правда. Во исто време и да соработуваат со најголемите дилери во државата за да ги искористат во изборни цели, да ослободуваат 1.050 криминалци, затвореници, поголем дел од нив за тешки телесни повреди.
Раната на челото на Заев, за која сочувствувам, не боли повеќе од раната која му ја направиле тие 1.050 луѓе кои ќе излезат на кој друг. На што личи ова што се случува во државата, вели Груевски.