Ноне од брод реши да се префрли на копно, барем на некое време и тоа во душата на Шпанија, во преубавата Валенсија.
Бидејќи е голем љубител на животните, таа одлучи да ја посети неверојатната зоошошка градина „Биопарк“ и со своите следбеници на социјалните мрежи да сподели фотографии и видеа од доживувањето.
– Чувство што не може да се опише со зборови ниту слика. Каков ден!, напиша некогашната пејачка во описот на една од фотографиите.
Меѓу поввеќето објави се најде и таква која ги насмеа сите оние што го посетија профилот на Ноне.
Имено, таа направи снимка од тоа како две големи желки имаат чин на парење, а пак Ноне не ги остави во приватност додека водат љубов и напиша: „Слушнете го нивниот звук кога водат љубов“.
Доколку не се имале можност да ја посетите оваа зоолошка градина, ѕирнете како изгледа преку фотографиите на Ноне Неделковска.