Пејачот Влатко Лозаноски – Лозано денеска на Youtube ја промовираше својата нова песна која е насловена како „Надеж“.
– Ви ја подарувам мојата 4-та песна за оваа година насловена „Надеж“ – напиша тој на својот Youtube канал.
Во видео-записот му прави друштво атрактивна девојка Билјана Шкортова со која Лозано изгледа како повторно заљубен.
Музиката е дело на Лазар Цветкоски, додека тексто е на неговата сестра Магдалена Цветкоска – Ена.
„Ако има надеж, ако има трошка надеж Ко првиот ден да сме јас и ти. Ако има надеж, да се роди нова надеж ќе бидеш до мене љубов ти“ се пее во рефренот.