Тука лежи парата – бизнис кој лани во Македонија сврте една милијарда евра

0

Од групата 100 најголеми компании во земјава има дури седум фирми кои се занимаваат со трговија со нафта и нафтени деривати. Од нив две се поседувани од странци, а пет се целосно или доминантно поседувани од домашни правни и физички лица. Кумулативно нивните приходи изнесуваат повеќе од 950 милиони евра, лани.

Трговијата со нафта и нафтени деривати, заедно со струјата, е најголем бизнис во земјава. Според официјалните податоци за лани дури 7 домашни компании чија единствена, доминантна или значајна дејност е трговијата со нафтени деривати се меѓу најголемите 100 македонски фирми според остварениот приход лани. Овие седум компании лани направиле промет поголем од 950 милиони евра, што укажува дека сите заедно, вклучително со помалите компании од нафтениот бизнис во земјава лани направиле една милијарда евра.

Како што пишува „Фактор“ во неколку наврати пишуваше најголемите три играчи: компании кои тргуваат со нафта и нафтени деривати во земјава се: ОКТА, „Макпетрол“ и „Лукоил“.

ОКТА заради стратешката поставеност во системот, заради расположливата инфраструктура за набавка и складирање деривати останува најголем учесник на пазарот. На листата на 100 најголеми фирми според остварениот промет таа е на 3 место со приход од 375,86 милиони евра.

„Макпетрол“ е компанијата со најмногу бензински пумпи ширум земјава, повеќе од 120 локации и лани таа остварила приход од 304,5 милиони евра и е на 4 позиција на ранг листата на најголеми компании. „Лукоил Македонија“ кој е специјализиран за трговија на мало со нафтени деривати лани имал приход од 96,3 милиони евра и е на 18 место на листата на најголеми фирми.

За изненадување на општата јавност официјалните податоци покажаа дека четврта најголема компанија во нафтениот бизнис е „Дади Компани“ која има седиште во село Јакимово, во малата општина Виница во Источна Македонија. Оваа фирма чија значајна дејност е шпедиција и транспорт на нафтени деривати, а има и неколку бензински пумпи всушност е позната во друга дејност- производство на ковани огради од метал.

Сепак со комбинација на дејностите „Дади Компани“ лани ги остави зад себе „Пуцко петрол“, „Црна Река Петрол“ и кумановски „Дет Оил“. „Дади Компани“ лаи има приход од 62,86 милиони евра и е на 34 место на листата на 100 најголеми компании во Македонија.

Зад неа е „Црна Река Петрол“ компанија која има свои бензински пумпи, транспортира нафтени деривати, а се занимава и со угостителство. Лани таа заврши на 57 место со приход од 41,8 милиони евра. „Пуцко петрол“ од општина Пласница е позната по тоа што во континуитет освојува многу државни тендери на различни државни инстанци кога станува збор за снабдување со нафтени деривати.

Целата статија може да ја прочитате на Фактор.мк

Претходна статијаВарошлија „удри“ по македонската пејачка: Да бришете прашина со овие парчиња
Следна статијаНе е точно дека времето ја лечи болката: Зетот на Тоше ја отвори душата