Популарниот пејачот од Хрватска, Тони Цетински е должен околу 43 000 евра поради кредитот за станот на неговата поранешна сопруга Ивана.
Поп-пејачот го продал станот за да го исплати долгот за кредитот и се уште го плаќа данокот кој таа не го платила.
-Си дозволив да бидам во најглупата група граѓани. Бев жирант за кредит на поранешната сопруга и паднав во стапица. Денес тоа го отплатувам, вели Тони за хрватскиот „Тпортал“.
Меѓутоа, Ивана тврди дека тој не и бил жирант.
Тони не беше жирант за двата стана кои ги купивме пред разводот. Ги поделивме становите и кредитот, но јас сум главниот должник и го платив данокот за двата стана, а не тој. Враќање на половина од износот барав преку суд, но се спогодивме и ми плаќа на рати, а последно треба да плати во декември, изјавува Ивана и додава дека знае дека тој и припаѓа на најглупата група граѓани.