Ана Севиќ доживеала голема непријатност пред неколку дена, кога пред зградата во која живее и пришле тројца мажи со барање да им го плати долгот на Дарко од 30.000 евра, или после Нова година да се иссели од станот.
Во прашање се лихвари од Црна Гора, на кои, се уште официјалниот сопруг на Ана, им должи пари веќе една година. Со оглед на тоа дека пред него е долго и тешко закрепнување после сообраќајната несреќа која ја доживеа пред три недели, лихварите се свесни дека еднинствен начин да си ги наплатат парите е да ги изнудат од Ана. Според сознанијата на срписки Курир, непријатната сцена се одиграла на почекот на неделата во утринските часови, кога таа се враќала во станот.
-Ана ја однела ќерката во градинка, а на враќање ја повезла жената која и го средува станот и кога стигнале до влезот им се случила непријатност. Три непознати лица и пришле и ја прашале како е Дарко. Ана дрско им од одговорила мислејќи дека се љубопитни. Меѓутоа лихварите тогаш почнале да викаат на неа: Немој да се силиш, тој нам ни должи пари!Кој ќе ги врати?Кажи му на братот на Дарко да ни се јави, ако не после Нова година тебе ќе те иселиме од станот- кажал извор близок на пејачката.
Кога сфатила дека состојбата е сериозна, Севиќ се обидела со смирен тон да разговара со нив, да им објасни дека таа не знае кому и колку тој должи, но и дека тие одамна не живеат заедно. Сепак ништо од тоа што го кажала, не вредело. Тие рекле дека си ги чекаат парите или нема лесно да се ослободи од нив.