Се наближуваат празниците – но мене ми се плаче

0

Од секогаш за мене најубавото годишно време било зима, иако студена и со врнежи од дожд и снег, сепак овој дел од годината за мене беше нешто што ми носи радост и среќа. Празнични денови, цело семејство собрано, фамилијарна атмосфера.

Но тоа веќе се промени спротивно дијаметрално. Овој период од годината, како наближуваат празниците ми навираат солзи секој ден. Тажна сум, скршена од болка. Ми навраќаат спомени кои чиниш ми го распарчуваат секој дел од телото. За мене повеќе никогаш зимата и празниците нема да бидат она што беа.

Причината е загубата на мојата сестра, а сè се случи лани во последните денови од годината. Мила и нејзиното момче Драган тргнаа на зимување и на дочек на Нова година во Австрија. Но лошото време си го створи своето, па имаа сообраќајна несреќа.

Мојата најмила Мила заврши во болница каде што два дена лавовски се бореше за својот живот, но на првиот ден во новата година пристигнаа страшни вести. Мила не издржа, Мила повеќе ја нема. Шок и неверување, очај и страдање за сите нас.

Еве се наближува како ќе се одбележи една година. Празниците се на прагот, радоста кај многумина се чувствува, но за мене повеќе нема причини за такво нешто, напротив.

Претходна статија„Татко ми е политичар – но се срамам да излезам на улица, па дури и моите роднини не ги гледам“
Следна статијаЛазиќ кажува збогум на Србија: Дарко со својата свршеница се селат на Запад