Сани „распали“ по „ѕвездите“: Едвај чекам да почнат да настапуваат

0

Голем дел од македонските уметници покрај тоа што се претставуваат на домашна музичка сцена, се трудат да се покажат и во соседството.

Меѓу нив и Елена Велевска која соработува со продукција во Бугарија, а наскоро и Сузана Гавазова ќе се претстави со песна на српскиот музички пазар.

Од друга страна, во регионот постојат голем број музички шоуа како што се „Ѕвездите на Гранд“, „Никогаш не е доцна“, „Пинкови ѕвезди“….каде што македонски кандидати се обидуваат да остварат некој музички успех и да стигнат до самото финале.

Некои од нив се појавуваат по неколку пати и кога ќе стигнат до одреден круг, испаѓаат од музичкото шоу. Некои ќе стигнат до финалето, ама потоа ги снемува од музичката сцена.

Како и да е, за да се снима песна за српски или бугарски пазар или пак да се учествува во такво шоу треба финансии, време, често патување и за се тоа доплонителни трошоци.

Некои од нив ќе успеат, некои ќе се појават ќе направат успех и толку од кариерата.

Македонската пејачка со најголем број ангажмани во Македонија, Сања Сани Гроздановска на својот „Инстаграм“ го кажа своето мислење за „ѕвездите“.

„Едвај чекам да почнат „ѕвездите“ да настапуваат како Чола…греота се доста пари вложија во своите кариери надвор од државата, а пак остана таму кај што биле“ напиша Сани на „Инстаграм стори“.

Извор: Вистина.мк

Претходна статијаКонечно: За прв пат по бегството на Груевски се огласи претседателот Ѓорге Иванов
Следна статијаНа денот на венчавката дознала дека ја изневерува, па му направила болна одмазда