Владимир Пешевски по долг период вечерва се појавува пред малите екрани откако гостуваше во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21.
Тој од студиото на ТВ21 упати и порака до екс-премиерот Никола Груевски со која го повика да се врати.
„Ако ја гледа оваа емисија, би му упатил апел, сепак да размисли и доколку е можно да се врати во Македонија, тоа ќе ги намали тензиите, мислам дека ако е овде, има најголеми шанси да си ја докажи својата вистина“, изјави Пешевски.
Владимир од јули 2009 до јуни 2017 година беше на функција вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија.