Паднаа маските: Упадот во Собранието на 27 април бил планиран – се организирал еден месец

0

Преку читање на фејсбук, вибер и смс пораки од телефонот на Антонио Кочков, учесник во протестите на „За заедничка Македонија“ и сведок на судењето за Зијадин Села, Обвинителството на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 претстави како се организирале протестите.

Разговорот започнува еден месец пред насилниот упад во Собранието. Миланов речиси секој ден му испраќа идентична порака со која членството на ВМРО-ДПМНЕ се повикувало на протест.

“Почитувани, продолжува протестот За заедничка Македонија, за Македонија се работи. Збирно место пред Музејот на ВМРО. Се замолуваат сите за помасовно присуство!”

Кочков, кој е сведок, во фејсбук комуникација со Дејан Миланов од 24 март 2017, разговараат за учеството на протестите и секој ден се договараат кога и каде ќе се чекаат. Во нивната комуникација, Дејан постојано му испраќа пораки за дневната агенда на протестите: „Почитувани продолжува протестот за ‘Заедничка Македонија’, за Македонија се работи. Зборно место Музеј на ВМРО 16:45. Се замолуваат сите за помасовно присуство“.

Во комуникација од 07.04. пораките велат:

Дејан: Гледам работава не е на арно, да не идеш денес.
Антонио: Не планирам, ама ако се пука да доаѓам.
Дејан: Кажаа ако има нешто ќе известат.
Антонио: Не гледам резон вака да нè дркаат, не можеме секој ден. Ако се влага во Собрание или има нешто посериозно врти ми одма ќе дојдам.

Деновите после нападот на Собранието, во нивната комуникација двајцата коментираат дека немаат никакви информации што ќе се случува сега.

„Нема пораки, веќе не праќаат. Ги насанкаа луѓето, они ќе се спасат“, вели една порака.

Претходна статија„Докторот ни ветуваше се и сешто, но останав и без татко и без пари“
Следна статијаДо толку дојде работата: Филипче бара МВР и АРМ да ги обезбедуваат болниците