Ова е првиот сопруг на Сања Кужет кој беше лично обезбедување на Брена и Боба (фото)

0

Водителката на најгледаниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, со години крие голема тајна. Иако неодамна се омажи по вторпат и доби син, Сања Кужет пред девет години беше мажена за член од обезбедувањето на Жељко Митровиќ, а кума на првата венчавка и беше Лепа Брена.

Сања во тој период работеше во „розовата телевизија“ како водителка на временска прогноза.

-Тоа беше љубов на прв поглед. Сања тогаш важеше за една од најатрактивните водителки, а тој беше упорен бидејќи многу му се допаѓаше.

По неколку месеци забавување, двајцата решија да се венчаат, вели извор близок до водителката.

Водителката пред неколку години проговори за поранешниот сопруг.

-Се дружевме две години, а тогаш се заљубивме и венчавме, добивме дете, се разведовме, а и понатаму останавме во иста фирма… Зоран и јас по една година брак се разведовме.

Можеби некому тоа ќе изгледа смешно, но кај нас се беспрекорно функционира поради детето и сакаме таа комуникација да биде што подобра. Немаше љубоморни сцени, немаше суета, вели водителката.

Сања по првото породување се врати во ТВ Пинк како новинар во информативната програма, по што премина во „Гранд“ и ја доби работата како водителка на „Ѕвездите на Гранд“. Минатата година се повлече од ТВ екраните, по што забремени со новиот избраник Немања Живојиновиќ, директор на маркетинг со кого доби син.

Претходна статијаМногу грижи за Јарците, се ќе им оди од рака на водолиите – Детален неделен хороскоп
Следна статијаПарот се разделува: Славица Чуктераш повеќе нема да живее заедно со сопругот