Оливер Змејковски од Виница преку ноќ стана милионер – и тоа за неколку минути

0

Оливер Змејковски од Виница, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.712.603, 00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 26.10.2018 во Делта Бет Моцарт во Виница.

Господинот Оливер ни откри дека ги сака игрите на среќа, па често сака да се забавува со нив. Ова е неговата прва голема добивка на која посебно се радува. Возбудено ни раскажа дека во моментот кога ја освоил МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката, првично не можел да поверува дека навистина тој ја освоил.

Додека тимот на Државна Видеолотарија му честиташе, тој ни раскажа и за својот план за трошење. Поголемиот дел од добивката, ќе ги орочи во банка, а со останатиот дел ќе го поднови својот дом. Оливер и во иднина ќе продолжи да се забавува со видеолотариските терминали на Државна Видеолотарија на Република Македонија.

Во петокот го добивме и најновиот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, прв за месец ноември. Добитникот кој сакаше да остане анонимен, на 02.11.2018 во Глобал Гејминг во Тетово, освои 1.341.853,00 денари.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 156 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 231.645.676,00денари. Покрај нив, освоени се и 24.662 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 155.581.745,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Претходна статијаДимовски: Да не се лажеме дека Грција ќе го промени односот кон македонскиот народ – ова е болно што се случува
Следна статијаНа полноќ започнува голем празник: Едно нешто одредува каква ќе ви биде цела година, не правете го ова