Росана Сариќ- Тодоровска носталгично се присети на настан што ѝ го раскажала нејзината мајка Гордана, која била убавица на Куманово во 1962 година.
Фолк-пејачката ни раскажа дека нејзината мајка, и по изборот за убавина не се занимавала со манекенство, туку по раѓањето на Росана и нејзината сестра близначка, Маријана, подоцна и братот, била посветена на семејството.
Нашата мајка беше убавица на Куманово таа година. Ја молеле потоа да се пријави за Мис на Македонија, но сфаќањата на нашиот покоен дедо беа во стилот: Не, никако, што ќе кажат луѓето? Знаете, во тоа време беше „баук“ жена да оди на такви избори.
Мајка ми заврши за учителка и набрзо се омажи и не доби мене и сестра ми, а подоцна и нашиот брат, Мирослав кој за жал ненадејно не напушти пред шест месеци и не зави во огромна болка и тага. И така, мајка ми на некој начин се откажа од нејзината професија за доброто за нас, на нејзините деца“, ни раскажа Росана. По смртта на нејзиниот брат, пејачката вели дека внукот Ноа кој наполни четири месеци, ѝ е најголемата утеха.