Во периодот од 23.55 часот на 06.11.2018 до 01.30 часот на 07.11.2018 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршиле контрола во угостителски објект во село Слупчане, општина Липково.
При контролата, во објектот биле затекнати девет танчерки/пејачки од кои шест странски државјанки ( три од Република Албанија и три од Косово), кои не биле пријавени и не поседувале дозволи за работа. Тие биле предадени на инспектор за странци и реадмисија за понатамошна постапка.
Од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека угостителскиот објект врши дејност без да биде регистриран во соодветен регистар и на сопственикот му била изречена глоба и мерка забрана за вршење на дејност од еден месец.
Од инспектор од УЈП бил констатиран прекршок по закон за регистрирање на готовински плаќања за што му била изречена глоба во висина од 500 евра и мерка затворање на објектот во траење од еден месец.