Ламбе го остави микрофонот и направи драстична промена: Нема да верувате што работи сега

0

Македонскиот пејач,Ламбе Алабаковски денес живее во САД, а наместо да се дружи со микрофонот, се занимава со друга професија – обезбедување на аеродром.

Тој е оженет со Магдалена, имаат син Михаил и живеат во Детроит, САД. Ламбе ја побарал за жена Магдалена на традиционален начин, на празникот Голема Богородица, пред манастирот “Свети Јован Бигорски”.

„Купив прстен од Битола и ја планирав свршувачката цел месец. Не сакав да биде ништо класично и веќе видено како, на пример, викенд во Венеција и свршувачка во гондола. Сакав да има духовна вредност и да биде во манастирот кој ми е особено драг и каде што се наоѓа мојот духовен отец“, раскажа Ламбе во едно интервју.

Неговата сопруга по потекло е од Битола и пред за се омажи со Ламбе, живеела во САД.
„Магдалена е битолчанка што живее во САД. Ја знам од многу одамна, и веќе две години нашата врска функционира на далечина. Се гледавме само кога таа доаѓаше во Македонија“, откри свовремено Ламбе.

„Долго време се познаваме со Магдалена. Бевме пријатели, а врската ја започнавме кога таа едно лето дојде во Битола“, рече Ламбе за сопругата. Пред свадбата во Битола, која започна со песната „Магдалена“ од Оливер Драгојевиќ, двојката се венча во манастирот Свети Јован Бигорски.

Но, животот е непредвидлив па така Ламбе заедно со Магдалена заминал во САД каде се родил и синот Михаил и како што вели тие се среќно семејство. На социјалните мрежи тој постојано поставува фотографии од семејството, од прослави и заеднички патувања, како и од синот на кој најмногу е фокусиран.
Подолу ве потсетуваме на една од најуспешните песни на Ламбе Алабакоски…

Претходна статијаЌе се истумба времето – овој месец ни доаѓа вистинска зима
Следна статијаПолицијата го посети Дарко Лазиќ – се соочува и тоа со какви големи проблеми и драконски санкции