Крај на сите надежи: Унгарија јасно порача – Нема шанси Груевски да го дадеме на Македонија

0

Ласло Трочањи унгарскиот министер за правда, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како бегалец и потоа да ја напушти Унгарија.

Министерот тврди дека Унгарија не може да го екстрадира Груевски во Македонија бидејќи тој добил азил врз основа на неговите укажувања дека против него се водат фабрикувани судски постапки.

„Да бидеме искрени, ако поранешен премиер оди во затвор, сигурно нема да му е лесно“, изјави министерот за правда.

Тој вели дека не е запознат детално со причините поради кои на Груевски му е одобрен азил, но кажа дека Канцеларијата за имиграција и бегалци донела одлука по темелна истрага и утврдила дека македонскиот експремиер со право се плашел за својот живот.

Интернет-порталот „24.ху“ пишува дека според тоа што Груевски добил статус на бегалец, унгарската влада признала дека Македонија не е безбедна држава. Според истиот медиум, македонската Влада може да поднесе тужба против Унгарија пред Меѓународниот суд во Хаг поради, како што велат, кршење на Конвенцијата за дипломатски односи.

Претходна статијаГаздата ја „закрпил“ Фани која јавно се пожали: Останав со „празен џеб“ – вечерта неплатена
Следна статијаНајпопуларниот ски-центар за Македонците воведува нова промена за посетителите