Поранешниот премиер Никола Груевски и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ за Унгарија избегал преку Албанија, нешто што го потврдија и официјалните служби на Албанија.
Вечерва, прд еден час уште една држава потврди дека Груевски транзитирал низ нивната територија, а тоа е Црна Гора. Управата на полицијата на Црна Гора потврди дека Груевски истиот ден влегол и излегол од Црна Гора.
„Црногорската полиција во овој счучај потполно ги испочитува законски процедури“ се наведува во соопштението од полицијата на Црна Гора.
За потсетување и албанската полиција потврди дека тој уште во неделата излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, кај Скадарското Езеро.
„Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Албанија на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана“, соопштија од Секторот за граница и миграција на албанската полиција.