Гевгеличанецот Лазар Јанев, синот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од неодамна е вработен во новата телевизија 1ТВ, позната како телевизијата на Бојан Јовановски – Боки 13.
Младиот правник Јанев, како што откриваат вработени во оваа телевизија за Сведок, им бил претставен како “директор на правна служба“ со кого ќе можат да се консултираат доколку имаат правни дилеми околу содржината на текстовите кои ги објавуваат. Некои од нив пак знаат дека „синот на Катица Јанева работи нешто во техника“.
Според фотографиите на неговиот ФБ профил, Јанев има завршено правен факултет на УКИМ.Фотографија на Јанева и Боки 13 објавена на Инстаграм од роденденска прослава
Катица Јанева во последниов период често може да се види фотографирана со Боки 13, почнувајќи од приватни забави – родендени, до „работни состаноци“ и гостувања во 1ТВ каде што беше нејзиното гостување во вторникот, кога за цело време додека беше емитувано интервјуто, телевизијата информираше дека ја презела палката во медиумскиот бизнис.
Извор: Сведок.мк