Со бекството во Унгарија, Груевски ја напуштил сопругата и децата, оставајќи ги зад себе во земјава. Оваа информација се потврдува со одговорот кој годобивме од Комисијата за хартии од вредност, каде е вработена неговата сопруга, Боркица Груевска. Таа и по неговото бекство, деновиве се појавила на работа.
„Госпоѓа Боркица Груевска во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е вработена од септември, 2002 година и секојдневно и посветено ги извршува работните задачи на работното место Координатор на Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка“ – велат оттаму за 1ТВ.
Дополнително од комисијата ни посочија да го почитуваме нејзиното право на приватност, како и правото на приватноста на нивните деца, што е сосема разумно барање. Сепак нашето прашање е прашање од јавен интерес, бидејќи јавноста бараше одговори каде е сопругата на сега веќе пребеганиот екс- премиер.
Првата дама која беше секогаш во втор план – за неа јавноста знае многу малку детали. Таа, по некоја случајност, избегна да биде во центарот на вниманието, дури и во пикот на кариерата на нејзиниот сопруг со кој има две ќерки.
Целата сторија проследете ја на 1тв.мк