Јанкулоска со првичен коментар по притворот на Сашо Мијалков

0

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска не сакаше да коментира за поврзаноста на Сашо Мијалков и Миле Јанакиески со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Таа не одрече такво нешто, но рече дека нема доволно информации за да даде јасен став.

„Па не би коментирала нешто за што немам доволно информации“ изјави Гордана Јанкулоска денес пред влезот во Судот каде продолжи судењењто за „Тврдина“.

Како што е познато, синоќе околу 20.00 часот беше приведен еден од обвинетите во овој случај, Сашо Мијалков кој заврши во истражниот затворо „Скопје“ – односно во Шутка.

Претходна статијаСашо Мијалков вчера сакал да избега во оваа европска земја?
Следна статијаВечерва на Архангел Михаил погледнете во небото – Народни обичаи за празникот