И без пасош може да се напушти Македонија – пример и доказ за тоа е Груевски

0

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот, соопштија од кривичниот суд по информациите дека поранешниот премиер е во Будимпешта. Во однос на обвинувањата упатени до Судот дека е виновен за бегството на Груевски, од таму велат дека Судот не може самоиницијативно да определува мерка притвор освен ако не се утврди дека од определено лице не се почитувни претходно определни поблаги мерки за обезбедување.

„Потребно е да се напомене дека во конретниот предмет, од поднесување на обвинителниот акт па се до изрекување на првостепената пресуда, надлежното обвинителство во ниту еден момент не побара определување построга мерка, како мерка притвор, за обвинетиот Никола Груевски, што пак не беше пример со првообвинетиот за кого обвинителството при изрекување на првостепната пресуда предложи, а судот веднаш определи мерка притвор до правосилноста на пресудата.

Дополнително, за обвинетиот Груевски, во предметот од обвинителството означен како „Титаник“, од страна на судот му беа определи мерки за претпазливост односно обврска еднаш месечно да се јавува во судот, што доследно беше почитувана од негова страна. Па така судот во никој случај не можел да определи построга мерка“, велат од Судот.

Во однос на евентуално распишување меѓународна потерница, од Судот велат дека во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека истиот се наоѓа во Будимпешта, и за тоа го извести судијата за извршување санкции, судијата веднаш ќе издаде наредба за распишување на меѓународна потерница.

Целиот текст може да го прочитата на: makfak.com.mk

Претходна статијаДали навистина Никола Груевски е во Унгарија
Следна статијаУнгарската влада се огласи по повод азилот за Никола Груевски