Откако Министерството за внатрешни работи (МВР) го информираше Основниот суд Скопје 1, по што Судот го донесе решението за меѓународна потерница за Никола Груевски и таа стапува на сила веднаш.
МВР веќе ја изготви потерницата и на својот сајт од национална ја смени во меѓународна.
Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ.
Ова е прв конкретен чекор по информацијата дека Груевски е лоциран во Будимпешта, Унгарија, држава со која Македонија има склучено договор за екстрадиција.