Поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, вечерва беше во првите редови на протестот пред Собранието.
Тој, со група демонстранти се упати од плоштад „Македонија“ и се придружи кон останатите граѓани, кои се против уставните измени.
Студентото време не ги предомисли насобраните луѓе, а организаторите истакнаа дека го креваат гласот против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ.
На Филип Петровски од Демократска Десница, не му беше дозволено да се качи на бината поставена пред Собранието во центарот на Скопје, каде движењето „Бојкотирам уставни измени“ одржува протест против промена на Уставот како дел од договорот за името со Грција.
Како што јавува репортерот на Телма на протестот, Петровски се обидел да се качи на бината додека од таму зборувала Солза Грчева но бил спречен од редарите и обезбедувањето, по што Петровски се повлече.
Движење „Бојкотирам“ организиран превоз од повеќе градови од државата за протестот но се појавија информации дека дел од нив биле попречувани да стигнат до Скопје.